Дома Фудбал Ковач: Барселона има страшно многу силни страни, но и слабости

Ковач: Барселона има страшно многу силни страни, но и слабости

Тренерот на Борусија Дортмунд, Нико Ковач, зборуваше пред утрешната посета на тимот на Барселона во првиот 1/4-финал од Лигата на шампионите.

Тренерот на “жолто-црните” исто така изрази пофалби за Ханзи Флик, со кој работеа заедно во Бајерн (Минхен), како и за противникот:

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


„Ние се познаваме и се цениме како луѓе. Исто така знаеме како гледаме на фудбалот на другиот. Сме свесни за квалитетот на напаѓачите на Барселона и ќе треба добро да се браниме. Секако, Барселона има силни страни, страшно многу. Но секој противник има и слабости, за кои сега не сакам многу да зборам. Сакамe да ги искористиме нивните слабости и доаѓаме овде за да се обидеме да го добиеме натпреварот“.

„Барселона сигурно е фаворит, но Дортмунд беше на финалето лани и ова е елитен 1/4-финал. Ние се боревме жестоко за него. Можеби доаѓаме како аутсајдери, но сме во подем“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер го сака промашувањето на Баерн Минхен

Баерн Минхен имаше големи планови со Жоао Пальиња (30) кога го доведе пред една година од …