
Станува сè поверојатно Хосеп Мартинес да биде стартниот голман на Интер следната сезона, известува Џанлука Ди Марцио.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во последните две години, Шпанецот беше втор избор по Јан Зомер, кој меѓутоа ќе го напушти клубот летово како слободен агент. Првично, раководството имаше намера да го замени Швајцарецот со подготвен стартер од друг клуб, но одличните настапи на Мартинес, кога добиваше шанса за игра, ги поттикнаа да ја преиспитаат својата позиција и да му дадат доверба.
Тренерот Кристиан Чиву исто така се изјасни за согласност дека во новата сезона ќе се потпира главно на 27-годишниот голман, кој оваа сезона има одиграно 10 натпревари со 6 примени голови и 5 „чиста мрежа“.
Ако навистина Мартинес биде унапреден во прв голман, тогаш клубот ќе му бара резерва во летниот трансфер прозорец. Така, опцијата со Гулјелмо Викарио од Тотенхем веќе не е актуелна, но затоа Иван Проведел од Лацио е можен кандидат за оваа улога.