
Италијанскиот тренер Антонио Конте и ова лето објави заминување од Наполи.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Минатата сезона после освојувањето на Скудетото, долго траеја преговорите на тренерот со управата на клубот и постигнаа двегодишен договор, инвестирано е доста пари во преодниот рок.
Неуспех беше направен во Лигата на шампионите, а во Серија А на крај веројатно ќе завршат на 2. место на крајот од шампионатот.
Сепак, Конте одлучи да го напушти Неапол. Локалниот Il Matino пренесува дека Конте тоа веќе му го соопштил на Аурелио де Лаурентис и дека е подготвен да се откаже од 18 милиони евра кои му припаѓаат според последната година од договорот.
Се чини дека трофејниот стручњак ќе биде нов селектор на Азурите откако ќе се избере нов претседател на фудбалската федерација.