Дома Фудбал СКАНДАЛ НА ОСТРОВОТ: Долгогодишниот премиерлигаш дисквалификуван од баражот поради шпионска афера!

СКАНДАЛ НА ОСТРОВОТ: Долгогодишниот премиерлигаш дисквалификуван од баражот поради шпионска афера!

Долгогодишниот учесник во Премиер лигата Саутемптон нема следната сезона да се врати во елитата, и тоа поради еден вистински несекојдневен скандал.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Овој тим е прогласен за виновен за шпионирање на екипата на Мидлзбро во полуфиналето на плејофот за влез во елитниот ранг на англискиот фудбал.

Одлуката ја донесе независна дисциплинска комисија по обвинувањето на EFL (Англиската фудбалска лига), откако Мидлзбро, уште еден некогашен учесник во Премиер лигата, започна истрага.

Причината е тоа што забележале аналитичар на Саутемптон како два дена пред натпреварот на полуфиналето тајно го снима тренингот на ривалот, криејќи се зад грмушката. Тренингот тогаш продолжил, но веднаш беше поднесена пријава.

И покрај тоа што Саутемптон помина понатаму, Мидлзбро ќе игра во финалето. Сепак, Светците имаат право на итна жалба, за која одлуката ќе биде донесена веќе во среда.

Така ќе се борат за влез во Премиер лигата Мидлзбро и Хал Сити,кој во второто полуфинале го елиминираше Милвол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дибала е отворен за трансфер во Премиер лигата

Пауло Дибала е отворен за трансфер во Премиер лигата летово, тврди Sky Sports. Напаѓачот и…