
Арсенал е шампион на Премиер лигата! Титулата на „Топчиите” се официјализира вечерва, откако Манчестер Сити не успеа во гостувањето на Борнмут и заврши нерешено 1:1, со што „граѓаните” останаа на четири бода од врвот во табелата еден круг пред крајот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Победата на домаќините пак го гарантира нивното место во европските турнири следната година, но сè уште не е јасно во кој турнир ќе учествуваат.
Тимот на Андони Ираола може да се пласира дури и во Лига на шампионите при одредени околности. Ели Крупи (40’) погоди пет минути пред крајот на првото полувреме, а Ерлинг Хааланд (95’) израмни во додаденото време од натпреварот. Фудбалерите на Џосеп Гвардиола изгледаа доста спори и безидејни во текот на целиот натпревар, како да новината за повлекувањето на Каталунецот по крајот на сезоната дополнително внесеше нервоза во нивната игра.