Дома Останати Ракомет Ракометарите на Вардар им откажаа на фудбалерите – нема да се појават на прослават во Градски парк!

Ракометарите на Вардар им откажаа на фудбалерите – нема да се појават на прослават во Градски парк!

Фудбалскиот клуб Вардар вчера инфомираше дека закажале заедничка прослава на титулите со ракометарите на Вардар, сепак од спротивната страна сега пристигна нова информација.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


РК Вардар информираше дека поради тоа што има закажано сопствена прослава исто така на 23 мај не би можеле да се појават на прославата која ја најави Вардар во Градски парк.

„Почитувана јавност

АД Ракометен Клуб Вардар 1961 имаше исклучително успешна сезона во која ги обедини титулите во Македонија и имаше успешен настап во Европа. Горди сме што овие успеси ги постигнавме пред полни сали и го привлековме вниманието на целокупната спортска јавност.

Овие успеси немаше да бидат возможни без нашите навивачи, но и нашите спонзори, партнери и пријатели. По тој повод пред извесен период ние веќе го дефиниравме датумот и ги испративме поканите за нашата прослава на која ќе присуствуваат сите играчи, членови на стручниот штаб, раководството на клубот, спонзори и ВИП личности.

Прославата ќе биде одржана на 23 Мај (сабота) со почеток во 20:30 часот, па не би можеле да присуствуваме на прославата која ќе биде организирана од страна на ФК Вардар, а на која беше најавено нашето присуство.

На нашите колеги од ФК Вардар им ја честитаме титулата и им посакуваме успешен настап во Европа“, стои во објавата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Червар се поклони пред Лазаров: Нема друг како него, најдобар е на сите времиња!

Лино Червар, кој од следната сезона ќе седне на клупата на Пелистер, без двоумење го избра…