
Се обидоа челните луѓе на Барселона да направат сè за да се договорат околу нов договор со Роберт Левандовски, но тоа не го успеаја.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Роберт Левандовски синоќа ја одигра својата последна утакмица на Камп Ноу како играч на Барселона и летово заминува од клубот.
Сето тоа го принуди Лапорта и Деко да започнат потрага по врвна замена за Левандовски.
Како што стојат работите, посебно барање имаше Ханси Флик и јасно кажа кој напаѓач го посакува во својот тим од следното лето.
На Камп Ноу разгледуваа неколку играчи, но повеќето од нив се премногу скапи за Барселона во овој момент.
Така што пропаднаа можностите Барселона да го доведе Хулиан Алварез или Лаутаро Мартинез ова лето.
Својот предлог за нов напаѓач го даде Ханси Флик, а станува збор за Габриел Жезус кој ќе замине од Емирејтс ова лето.
Габриел Жезус донесе одлука да го напушти Арсенал каде никогаш не успеа да ги оствари очекувањата што беа создадени по неговото доаѓање.