Дома Фудбал Ќе има големи промени во Сити: Со Гвардиола пред заминување се уште петмина фудбалери!

Ќе има големи промени во Сити: Со Гвардиола пред заминување се уште петмина фудбалери!

Иако Манчестер Сити го помина периодот на промени во генерацијата во изминативе години, заминувањето на менаџерот Пеп Гвардиола ќе донесе нови значајни промени.

Гвардиола соопшти дека на крајот од оваа сезона ќе ја напушти клупата на „Граѓаните“, а заедно со него, според Transfermarkt, заминуваат и пет играчи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Меѓу оние кои се пред заминување е и хрватскиот репрезентативец Јошко Гвардиол, кој неодамна се врати на терените по долгиот период на рехабилитација од повреда.

Гвардиол веќе се поврзува со Реал Мадрид, и неговото преминување во овој шпански клуб изгледа се поизвесно, додека на излез од “Етихад” се и Тијани Рејндерс, Омар Мармуш, Џејмс Трафорд и Фил Фоден.

Во моментов, Рејндерс се чини дека е најблиску до потпис со Јувентус, Мармуш се поврзува со Барселона, додека Баерн Минхен покажува интерес за Фоден.

Заминувањето на Трафорд, кој е резервен голман, би било најмалку значајно, бидејќи неговата иднина е поврзана со Брајтон.

Да напоменеме, Сити веќе постигна договор со Енцо Мареска за да го наследи Гвардиола, што ќе донесе големи промени во клубот кој веќе 15-тина години доминира во англискиот фудбал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус тргнува по потписот на Елмас!

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас и во новата сезона би можел да остане дел од итали…