
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз нема да игра на годинешниот Вимблдон!
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тој откри дека ќе ја пропушти целосната сезона на тревната подлога бидејќи му се продолжи опоравувањето од повредата на зглобот, поради што го пропушти и најголемиот дел од сезоната на земјена подлога, па така нема да настапи ниту на Ролан Гарос, каде што го брани трофејот.
– Мојот опоравок оди во добар правец, се чувствувам многу подобро, но за жал уште не сум подготвен да играм и морам да го повлечам моето учество од Квинс и Вимблдон. Тоа се посебни турнири за мене и многу ќе ми недостасуваат. Работиме на тоа да се вратам што е можно побрзо, рече Алкараз.
Алкараз ќе изгуби уште 1.800 ATP поени, бидејќи лани го играше финалето на Вимблдон и освои титулата во Квинс клубот.
На почетокот од годината Алкараз ја освои првата титула на Австралија Опен со победа над Новак Ѓоковиќ во финалето.