Дома Фудбал Анчелоти даде објаснување: Еве зошто Нејмар доби повик за Мундијалот

Анчелоти даде објаснување: Еве зошто Нејмар доби повик за Мундијалот

Карло Анчелоти официјално го објави финалниот список на фудбалската репрезентација на Бразил за претстојното Светско првенство, а најголемо внимание очекувано предизвика името на Нејмар.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Искусниот напаѓач од Сантос се наоѓа меѓу 26-те избрани играчи кои ќе го претставуваат Бразил на Мундијалот, и покрај бројните повреди и фактот дека во последните години немаше континуитет каков што се очекуваше од него.

Токму затоа италијанскиот стратег на прес-конференцијата доби неколку прашања поврзани со статусот и физичката кондиција на Нејмар.

Анчелоти веднаш истакна дека стручниот штаб на репрезентацијата внимателно го следеше состојбата на Нејмар преку целата сезона и дека се задоволни од напредокот кој го постигна во последните месеци.

„Нејмар го проценувавме преку целата сезона. Во последно време значително ја подобри физичката подготвеност и гледаме голем напредок. Тој е многу важен играч за Бразил и ќе има значајна улога на Светското првенство“, истакна Анчелоти.

Сепак, искусниот тренер јасно даде до знаење дека за најголемата бразилска ѕвезда нема да има никакви преференци.

„Нејмар има исти обврски како и сите други играчи. Може да започне меч од првата минута, може да влезе од клупата, а може и да остане на клупата. Неговата одговорност кон репрезентацијата е идентична како и кај сите останати фудбалери“, кажа Италијанецот.

Таа изјава веднаш предизвика бројни реакции во Бразил, особено затоа што со години се зборуваше дека репрезентацијата премногу зависи од Нејмар.

Анчелоти очигледно има намера да го промени тој имиџ и да изгради тим во кој ниту еден поединец нема да биде над колективот, без оглед на статусот и популарноста.

Бразилските медиуми пишуваат дека токму дисциплината е една од главните работи кои легендарниот стратег се обиде да ги воведе веднаш по неговото доаѓање на клупата на петкратниот светски првак.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ќе има големи промени во Сити: Со Гвардиола пред заминување се уште петмина фудбалери!

Иако Манчестер Сити го помина периодот на промени во генерацијата во изминативе години, за…