Дома Фудбал Шок за Алкараз: Не игра ниту на Вимблдон!

Шок за Алкараз: Не игра ниту на Вимблдон!

Вториот носител на светската тениска листа, Карлос Алкараз, објави дека покрај Ролан Гарос во Париз, ќе го изостави и Вимблдон.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Алкараз е во процес на рехабилитација од повредата на десниот зглоб, која ја доби во април за време на турнирот во Барселона.

Поради повредата, неочекувано го пропушти турнирот во Мадрид и во Рим, нема да се појави ниту на Ролан Гарос што започнува следната недела, а најави и дека нема да настапи на Вимблдон.

“Моето опоравување оди добро и се чувствувам значително подобро, но за жал, сè уште не сум подготвен за настап. Поради тоа, морам да се откажам од сезоната на трева, на Квинс и Вимблдон. Тоа се два многу посебни турнира за мене и многу ќе ми недостасуваат. Работиме напорно за брзо враќање!”, напиша Алкараз на социјалните мрежи.

Првичниот план на Алкараз беше да се врати за игрите на трева, но сега е принуден да го одложи враќањето.

Алкараз поминува низ најдолгиот период на отсуство од терените во досегашната кариера. Ова ќе биде првпат да пропушти два грен-слем турнира поради повреда.

Предходно, најдолгото негово отсуство траеше три месеци – од крајот на сезоната 2022 до почетокот на 2023 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тухел: Свесни сме што треба да направиме за да ја победиме Хрватска

Вечерва, во 22 часот, според наше време, Хрватска започнува со нејзиниот прв натпревар на …