Дома Фудбал Челзи ќе го тужи Манчестер Сити поради наследникот на Гвардиола?

Челзи ќе го тужи Манчестер Сити поради наследникот на Гвардиола?

Во Манчестер Сити имаат намера да го ангажираат Енцо Мареска како наследник на Пеп Гвардиола, но овој потег би можел да предизвика сериозен судир со Челзи. Според англиските медиуми, клубот од Стемфорд Бриџ се подготвува за можен правен спор поради околностите под кои Мареска ја напушти нивната екипа на почетокот од годината.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Како што известува The Telegraph, Челзи смета дека заминувањето на Мареска е спорно. Иако деталите никогаш не беа јавно разјаснети, се наведува дека италијанскиот тренер признал пред сопствениците на Челзи дека е во контакт со Манчестер Сити.

Ако Сити официјално го потврди именувањето на Мареска, Челзи може да побара компензација. Ова би вклучувало поднесување на официјална жалба до Премиер лигата, која би требало да спроведе истрага според своите правила.

Мареска го напушти Челзи на 2 јануари, во период кога тимот беше во криза, со само една победа во седум првенствени натпревари. Пред тоа, клубот беше втор на табелата, а во Челзи и денес сметаат дека оваа ситуација негативно влијаела на натаму текот на сезоната.

Италијанецот веќе има работено во системот на Манчестер Сити, прво како тренер на У-23 тимот, а потоа и како помошник на Пеп Гвардиола во сезона 2022/23. Токму поради тоа, во Сити го гледаат како логичен избор за продолжување на проектот по заминувањето на Гвардиола.

Иако заминувањето на шпанскиот стратег сè уште не е официјално потврдено, The Telegraph пишува дека Мареска е главен кандидат за клупата. Ако овој сценар оставри, Челзи би можел да започне правна пресметка, што дополнително би ги загрозило односите во Премиер лигата летово.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Анчелоти даде објаснување: Еве зошто Нејмар доби повик за Мундијалот

Карло Анчелоти официјално го објави финалниот список на фудбалската репрезентација на Браз…