
Тренерот на Манчестер Сити е во гнев бидејќи веста за неговото заминување од клубот се рашири во јавноста во момент кога тимот се натпреварува со Арсенал за титулата првак на Англија.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Според Романо, веста ги оставила играчите на Сити целосно затекнати, бидејќи само два дена претходно, во саботата, им било кажано дека Гвардиола останува.
Очигледно, управата на клубот сакала да го зачува мирот во екипата пред последните две средби од сезоната во Премиер лигата, но информацијата за Пеп се рашири.
Пеп се налути, а Романо открива дека затоа морал да ги собере играчите на видеоповик доцна во ноќта.
За време на видеоповикот, Гвардиола се извинил на фудбалерите и им потврдил дека ќе го напушти клубот на крајот од сезоната. Им се извинил за начинот на кој ја дознале веста.
Да потсетиме, вечерва Сити го игра својот натпревар од 37-то коло на Премиер лигата против Борнмут, а ако не извојува победа, Арсенал ќе биде и официјално шампион на Англија.