Дома Фудбал Онана сака да се врати во Ман Јунајтед, верува дека повторно може да биде стартер

Онана сака да се врати во Ман Јунајтед, верува дека повторно може да биде стартер

Камерунскиот голман Андре Онана планира да се врати во англискиот фудбалски клуб Манчестер Јунајтед летово, и покрај големиот интерес од други тимови, информира “Би-Би-Си”.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Голманот минатата сезона ја помина на позајмица во Трабзонспор, откако го загуби своето место како стартер кај “црвените ѓаволи”. Ова се случи по серија грешки од страна на голманот во претходната сезона, кои му донесоа остри критики и на крајот до испраќање во Турција за една сезона.

Камерунецот е решен да направи нов обид да го убеди тренерскиот штаб на клубот дека заслужува место помеѓу стативите и би можел да си го врати стартерското место. По заминувањето на Онаа, Сене Ламенс стана главен голман во Јунајтед. Тој пристигна летоска од Ројал Антверп и одигра 32 натпревари, на кои прими 41 гол и направи седум чисти мрежи.

Јунајтед ќе започне со подготовките за новата сезона во средината на јули и Онаа ќе му биде на располагање, бидејќи Камерун нема да игра на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Одлуката дали ќе биде вклучен во подготвителната група сепак е на менаџерот. Се очекува во наредните денови да биде објавено дека Мајкл Керик ќе биде постојан менаџер на тимот. Првиот контролен натпревар на Јунајтед е против Рексам, но Онаа има уште еден натпревар пред овој – финалето за Купот на Турција меѓу Трабзонспор и Коняспор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус тргнува по потписот на Елмас!

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас и во новата сезона би можел да остане дел од итали…