Дома Фудбал Дибала е отворен за трансфер во Премиер лигата

Дибала е отворен за трансфер во Премиер лигата

Пауло Дибала е отворен за трансфер во Премиер лигата летово, тврди Sky Sports. Напаѓачот има договор со Рома што изтекува, но Италијаните преговараат со него и дури се уверени дека ќе успеат да го убедат да остане.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Дибала, сепак, секогаш сонувал да игра во Премиер лигата, пишува Sky. Аргентинецот, кој има 32 години, сигурно ќе добие и други понуди, а една од нив ќе биде од Бока Јуниорс во неговата татковина.

„Ла Хоја“ има втора шанса да игра во Англија, а при првата, кога го напушташе Јувентус, повредите беа главниот фактор кој го олади интересот кон него. Искуствениот играч беше дел од екипата на Аргентина, која ја освои светската титула во Катар. Тој, сепак, не се најде во финалниот состав за турнирот оваа година во САД, Канада и Мексико.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Официјално: Бернардо Силва е нов фудбалер на Реал Мадрид!

Реал Мадрид го објави потпишувањето на Бернардо Силва, кој се приклучува на клубот со дого…