
Германскиот стратег Ханси Флик го продолжи својот договор со Барселона до 30 јуни 2028 година, објави денеска шпанскиот клуб.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Според информациите на веб-страницата на клубот, Флик го потпиша договорот во клупските простории, во присуство на претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, првиот потпретседател, Рафе Жусте и спортскиот директор Деко.
„Ако во првата негова сезона Ханси Флик ја врати надежта на навивачите на Барселона, во втората потврди сè што започна. Германскиот стратег изгради тим кој е конкурентен и верен на идентитетот на клубот, доволно силен за доминација во домашната лига и за повторно постигнување успех во европската елита. Со ова продолжување на договорот, Барселона го обезбедува континуитет на тренерот и проектот“, стои во соопштението на шпанскиот тим.
Германскиот тренер за две сезони освои пет трофеи со Барселона, две титули од Ла Лига, Куп на Кралот и два Суперкупови на Шпанија.