Според изјавите на Јуп Хејнкес тимот на Баерн во реваншот против Севиља ќе настапи без двајца стандардни фудбалери.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Хејнкес ја извести јавноста дека во овој момент не може да смета на услугите на Артуро Видал и Давид Алаба.
Дали тоа ќе биде голем удар за Баерн останува да видиме утре кога на програмата е реваншот против Севиља. Баерн во првиот натпревар запиша победа на гостински терен од 1:2.
„Давид е скоро спремен, но и понатаму не е максимилано. Тренираше со тимот во претходните неколку дена, па мислам дека подобро е во сабота да го одигра својот прв натпревар“.
„Артуро Видал во четврток ќе биде спремен да започне со тренинзи“, изјави Хејнкес.