
Раководството на Баерн, како што изгледа, конечно одлучи кој голман ќе го наследи Нојер на гол линијата на овој тим.
Германскиот великан веќе размислува за периодот по Мануел Нојер, на кого договорот му истекува на крајот од сезоната, а според последните информации Пикфорд се издигна како една од главните опции.
Како што наведува новинарот Алан Никсон, Баерн го следи 32-годишниот Англичанец и ја разгледува можноста за негово доведување во текот на 2027 година.
Посебно е интересно тоа што во целата приказна се вклучи и Винсент Компани, кој наводно лично собира информации за Пикфорд преку луѓе на кои им верува.
Пикфорд, според истиот извор, во моментот дури е и пред Барт Верхбруген од Брајтон на листата на Баерн, иако и холандскиот голман претходно беше сериозно разгледуван.