Дома Фудбал Традицијата против Словенија е на наша страна – сме загубиле само еднаш!

Традицијата против Словенија е на наша страна – сме загубиле само еднаш!

Македонската фудбалска репрезентација вечерва по осми пат ќе ги одмери силите со Словенија, а досегашниот биланс е на страната на „црвено-жолтите“.

Од седумте меѓусебни пресметки, Македонија има остварено четири победи, два натпревари завршиле без победник, додека Словенија славела само еднаш. Македонците имаат и подобра гол-разлика, 13:7.

Историјата на дуелите започна на 13 октомври 1993 година во Крањ, каде Македонија убедливо триумфираше со 4:1. Само неколку месеци подоцна, во март 1994 година во Скопје, следуваше нова победа, овојпат со 2:0.

Следната пресметка се одигра дури во 2012 година, кога Македонија пред домашната публика славеше со 3:2.

Словенците до единствениот триумф во меѓусебните дуели стигнаа во март 2016 година. Во пријателски натпревар одигран на „Бонифика“ во Копер, домаќинот победи со минимални 1:0.

Оттогаш, Македонија нема доживеано пораз од Словенија. Во март 2019 година, двете селекции ремизираа 1:1 во Љубљана, а седум месеци подоцна Македонија славеше со 2:1 во Скопје, во рамките на квалификациите за Европското првенство.

Последната пресметка меѓу двете репрезентации се одигра во јуни 2021 година во Скопје. Натпреварот заврши без победник, 1:1.

Вечерашниот дуел ќе биде осми во историјата на Македонија и Словенија, со што ќе имаат можност повторно да го променат меѓусебниот биланс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чалханоглу пред одлука: Гигангот го чека расплетот!

Хакан Чалханоглу би можел на крајот од сезоната да го напушти Интер, а ситуацијата веќе пр…