Дома Фудбал Јувентус има нов голман

Јувентус има нов голман

Бразилскиот фудбалски голман Норберто Нето потпиша договор со Јувентус кој важи до крајот на тековната сезона, објави денеска италијанскиот гигант.

Нето (37) дојде во Јувентус како слободен играч и ќе замени соиграч ќе биде замена за повредениот Камил Грабара.

Гулијелмо Викарио е непроменлив избор на голот на “старата дама” оваа сезона под тренерската палка на Лучијано Спалети, но Нето може да се надева на настапи, пред сè, во натпреварите во Купот на Италија, а можеби и во Лига Европа.

Овој голман минато играше за Јувентус од 2015 до 2017 година, период во кој забележа 22 настапи и освои две титули во Серија А, два трофеја во Купот на Италија и еден Суперкуп на Италија.

Минатата сезона ја помина во Ботафого, а порано бранеше и за Атлетико Паранаенсе, Фиорентина, Валенсија, Барселона и Борнмут.

Јувентус, по пет одиграни кола во Серија А, се наоѓа на седмото место на табелата со 10 бодови, но само на три бода заостанување од водечкото трио, Рома-Интер-Лацио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФИФА ја нападна УЕФА!

FIFA ја обвини UEFA дека спроведува кампања на дезинформации и се обидува да влијае на пре…