Дома Фудбал Никој не го сака Рахим Стерлинг, ниту како слободен агент!

Никој не го сака Рахим Стерлинг, ниту како слободен агент!

Англискиот фудбалер Рахим Стерлинг сѐ уште нема клуб. 

Рахим Стерлинг бил понуден на Авр, но францускиот клуб ја одбил можноста да го доведе. 

Стерлинг бил понуден и на уште еден, неназначен клуб од Лига 1, кој исто така ја одбил шансата да го реализира трансферот, иако е слободен. 

Триесет и еден годишниот фудбалер моментално е слободен играч, а неодамна беше во центар на вниманието откако се изјасни за виновен за опасно возење и призна дека поседувал азотен оксид.

Да потсетиме, неговиот последен клуб беше Фејенорд, каде исто така потпиша како слободен агент, во февруари оваа година, но не ги исполни очекувањата, па летово повторно остана без договор.

Верувале или не, во холандскиот клуб забележа само осум настапи, а имаше само една асистенција.

Претходно играше за Ливерпул, Манчестер Сити, Челзи и Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Не Медисон, ниту Кудус: Ван де Вен откри кој е техничарот број еден во Тотенхем

Мики ван де Вен го избра Вилсон Одобер за највешт со топката во Тотенхем, додека француско…