
Новак Ѓоковиќ се најде во непријатна ситуација по завршувањето на тренингот пред почетокот на турнирот во Пекинг.
Најдобриот тенисер на сите времиња беше зафатен со потпишување на топчиња и маици, кога шапка полета кон него и го удри во главата.
Српскиот ас беше видливо изненаден и погледна кон насока од која долета предметот, а на ситуацијата реагираше неговиот соработник Карлос Ерера.
Ѓоковиќ брзо потоа го прекина потпишувањето автограми и се упати кон соблекувалната.
Ова потсетува малку на ситуацијата во Рим од пред две години, кога едно шише падна и го погоди Ѓоковиќ во глава, што му предизвика проблеми со рамнотежа два дена по ред.
Новак ќе игра против Португалецот Боржеш на стартот на турнирот. Во главниот град на Кина се врати по 11 години, а интересно е дека во Пекинг никогаш не загубил меч. Освоил шест титули од исто толку обиди.
Must be some Psycho Fedal fan.Charly got him ejected .Good thing is 🐐was in good mood later 🤪 https://t.co/oCxdSCWckY pic.twitter.com/AiOZ2r4Ea0
— Raul (@Raulgunner2) September 28, 2026