Дома Фудбал Рој Кин со жестока критика за Кол Палмер: „Заборавете дека ќе ја однесе Англија до трофеи“

Рој Кин со жестока критика за Кол Палмер: „Заборавете дека ќе ја однесе Англија до трофеи“

Легендарниот ирски фудбалер Рој Кин упати жестоки критики кон англискиот репрезентативец Кол Палмер, оценувајќи дека фудбалерот на Челзи сè уште има премногу слабости за да биде играчот кој ќе ја однесе Англија до големи трофеи.

Кин вели дека Палмер е исклучително талентиран, но предупредува дека неговите „лоши навики“ можат да бидат сериозна пречка на највисоко ниво.

„Ако мислите дека тој ќе ја однесе Англија на едно повисоко ниво и ќе освојува трофеи, заборавете на тоа“, порача Кин.

„Ми се допаѓа Палмер, тој е талентиран играч, но според мене има премногу лоши навики“, додаде поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед.

Изјавата на Кин веднаш привлече внимание, особено поради високите очекувања од Палмер во англиската репрезентација. Младиот офанзивец во последните сезони се наметна како еден од најважните англиски фудбалери, но Кин смета дека сè уште има простор за значителен напредок доколку сака да биде лидер на репрезентацијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клоп: „Овие резултати се дел од процесот, составот и измените беа целосно моја одговорност“

Јирген Клоп ги коментираше последните резултати и призна дека одлуките околу составот и на…