Дома Фудбал Проблеми за Реал: Мбапе го вклучи алармот во Мадрид

Проблеми за Реал: Мбапе го вклучи алармот во Мадрид

Килијан Мбапе е под знак прашалник за вечерашниот дуел со Атлетико Мадрид. Реал Мадрид сè уште не го објави списокот на играчи за денешниот натпревар, бидејќи Французинот мораше да помине последни лекарски тестови.

Тој доби удар за време на натпреварот против Рајо Ваљекано, не можеше да тренира со полн интензитет, па се чека зелено светло од медицинскиот тим.

Неговото евентуално отсуство би било неочекуван проблем за Карло Анчелоти, особено затоа што Мбапе е во одлична форма и е најдобриот играч на тимот во 2025 година.

Реал Мадрид ја брани предноста од 2:1 од првиот натпревар, па нè очекува нов спектакл во пресметката на мадридските ривали.

Натпреварот меѓу шпанските гиганти во реваншот е закажан за 21:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од школата на Пелистер до сениорски повик: Исмаили во составот на Албанија

Усни Исмаили е единствениот нов фудбалер во албанскиот состав за дуелите со Финска и Белор…