
Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Поли Ринкон, јавно побара заминување на Жозе Мурињо од клупата на кралскиот клуб.
Враќањето на Жозе Мурињо на клупата на Реал Мадрид не донесе многу ентузијазам кај добар дел од навивачите. Сметаа дека Посебниот нема да направи многу и дека неговото време одамна поминало, а почетокот на сезоната, во кој Реал не изгледа убедливо, само ја засилува нивната увереност.
Првите критики за Португалецот веќе пристигнуваат и од поранешни играчи. Поранешниот член на кралскиот клуб, Поли Ринкон, јавно побара заминување на Посебниот од клупата.
„Сакам Мурињо да замине и тоа веднаш. Не е добар за Реал Мадрид, за стилот на игра, за клубот, за навивачите. Она што го гледам од овој Реал ме растажува. Боли бидејќи го сакам Реал Мадрид”, истакна Поли Ринкон.