Дома Фудбал Горецка се договорил со новиот клуб, познати и детали – ќе игра за италијански гигант!

Горецка се договорил со новиот клуб, познати и детали – ќе игра за италијански гигант!

По осумгодишна кариера во Баерн Минхен, 31-годишниот играч за врска Леон Горецка како што стојат работите ќе продолжи во Милан..

Следната сезона, Баерн Минхен ќе ја продолжи без Горецка во средниот ред, бидејќи неговиот договор истекува на 30-ти јуни. Клубот одлучи да не му ја понуди опцијата за продолжување, што го ослободува играчот за избор на нова дестинација.

Веќе е познато дека Горецка ја донесе својата одлука. Имал многу понуди на своја маса, но во финалниот избор останале Јувентус и Милан, а на крајотги избрал „росонерите“..

Германскиот интернационалец склучи тригодишен договор со Милан, со годишна плата од пет милиони евра. Ова наскоро се очекува да биде официјално потврдено.

Во Баерн пристигна во 2018 година од Шалке како слободен играч. Во изминатите осум години, освои 16 трофеи со баварците.

Дресот на баварскиот гигант го носеше 310 пати, постигнувајќи притоа 51 гол и 52 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бивш играч на Баерн од Минхен потпишува за Рома комплетно бесплатно!

Во моментов, Рома нема класичен лев бек, па проблемот може да го реши со ангажирање на Раф…