Дома Фудбал Луда теорија: Винисиус бил заменет со двојник во Бразил?!

Луда теорија: Винисиус бил заменет со двојник во Бразил?!

Бразилските социјални мрежи и форуми се преплавени со необична теорија на заговор според која фудбалската ѕвезда на Реал Мадрид, Винициус Јуниор, е наводно исчезнат и заменет со дупликат.

Заговорниците на теоријата тврдат дека замената е извршена за да се потполнат неговите мултимилионски спонзорски договори без пречки.

Како “клучни докази”, корисници на TikTok и форуми наведуваат наводни промени во изгледот на лицето и недостиг на препознатливите тетоважи на бедрото за време на собирот на националниот тим.

Во текот на кусо време, теоријата стана екстремна и во неа беа вклучени тајни служби, светските елити и дури и вонземјани.

“Цела луда теорија на заговор тврди дека CIA, Ротшилдовите и елитите го убиле и замениле Винициус по Светското првенство”, напиша корисник под надимакот BlackBondPtv.

Некои теоретичари заминаа уште подалеку, поврзувајќи го сето тоа со наводна инвазија на влекачите за време на турнирот.

Долевање масло на огнот направи и бразилската пророчица Во Бахијана.

“Мора да ви кажам дека пак сонував вонземјани како напаѓаат фудбалско игралиште во Мајами. Јасно видов како ги однесуваат играчите во првиот брод што пристигна”, изјави во видео.

Сепак, во кругот на познатиот фудбалер и во Реал Мадрид тие целосно ги игнорираат овие лажни вести и бизарни интернет шпекулации.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Традицијата против Словенија е на наша страна – сме загубиле само еднаш!

Македонската фудбалска репрезентација вечерва по осми пат ќе ги одмери силите со Словенија…