Дома Фудбал Кејн ќе потпише нов договор, но само ако Баерн му исполни двата необични услови!

Кејн ќе потпише нов договор, но само ако Баерн му исполни двата необични услови!

Еден од најдобрите напаѓачи на денешницата наскоро може да стави потпис на нов договор, но преговорите не се толку едноставни како што изгледа на прв поглед.

Имено, Хари Кејн наводно поставил два посебни услови кои Бајерн мора да ги исполни за да дојде до продолжување на соработката.

Според информациите на познатиот новинар Фабрицио Романо, англискиот напаѓач сака во новиот договор да има откупна клаузула.

Таква клаузула би му оставила отворени врати за евентуално враќање во Премиер лигата во иднина, што е опција која Кејн очигледно не сака целосно да ја затвори.

Вториот услов исто така е особено интересен и се однесува на неговиот поранешен клуб Тотенхем.

Кејн сака таканаречено право на изедначување на понудата за Тотенхем. Тоа би значело дека лондонскиот клуб може да реагира доколку Бајерн прифати понуда од некој друг клуб за Кејн и да понуди исти услови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неверојатна одлука на Баерн! Еве кого го избраа да го наследи Мануел Нојер!

Раководството на Баерн, како што изгледа, конечно одлучи кој голман ќе го наследи Нојер на…