
Тимот на Баерн од Минхен претрпе пораз во полуфиналето на Лигата на шампионите, откако беа поразени од Пари Сен Жермен со вкупен резултат од 6:5.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Германската екипа смета дека беа оштетени во синоќешниот натпревар, пред сѐ поради недоделениот црвен картон за Нуно Мендеш, како и недосудениот пенал поради играње со рака на Жоао Невес.
Витиња ја погоди раката на својот соиграч, но нивниот сонародник, Португалецот Жоао Пињеро, не покажа кон белата точка ниту пак доби повик од ВАР собата.
Основата за нивните жалби може да се види во една доста слична ситуација од пред година дена, за време на натпревар во португалското првенство помеѓу Боависта и Порто.
Имено, играчот на Порто, Педро, ја исфрлаше топката надвор од казнениот простор, а топката го погоди Нехуен Перез во рака,а главниот судија, Клаудио Переира, посочи на белата точка.
Сличната ситуација се случи синоќа на Алијанц Арена, но судијата Жоао Пињеро не покажа кон белата точка, што ги разлути навивачите на Баерн.
Парадоксална ситуација со португалскиот судија Жоао Пинјеро!
— Football Pundit (@footballpunditX) May 7, 2026
Играчката со рака на Жоао Невес не беше досудена како пенал ❌
Иако идентична ситуација во португалската лига беше природно досудена од истиот судија ✅ pic.twitter.com/zMKWdjiPFW