Дома Фудбал Јувентус донесе бразилски голман на 37 години

Јувентус донесе бразилски голман на 37 години

Бразилскиот фудбалски голман Норберто Нето потпиша договор со Јувентус до крајот на актуелната сезона, соопшти денес италијанскиот великан.

Нето (37) пристигна во Јувентус како слободен играч и е замена за повредениот Камил Грабара.

Гуљермо Викарио е неприкосновен на голот на “старата дама” оваа сезона кај тренерот Лучано Спалети, а Нето може да се надева на прилики, особено во натпревари од Купот на Италија, можеби и во Лига Европа.

Овој чувар на мрежата претходно играше за Јувентус од 2015 до 2017 година, кога одигра 22 натпревари и освои две титули во Серија А, два трофеи од Купот на Италија и еден Суперкуп на Италија.

Минатата сезона ја помина во Ботафого, а бранеше и за Атлетико Паранансе, Фиорентина, Валенсија, Барселона и Борнмут.

Јувентус по пет одиграни кола во Серија А е седми на табелата со 10 бодови, но е само на -3 од водечкиот трио, Рома-Интер-Лацио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Никој не го сака Рахим Стерлинг, ниту како слободен агент!

Англискиот фудбалер Рахим Стерлинг сѐ уште нема клуб.  Рахим Стерлинг бил понуден на Авр, …