
Искуситиот капитен на холандската репрезентација и играч на Ливерпул, Вирџил ван Дајк (35 години), според шпанските медиуми, би можел да ја засили редовите на Барселона.
Договорот на Ван Дајк со Ливерпул завршува кон крајот на јуни следната година, што значи дека од јануари може да влезе во преговори со други клубови. Меѓу заинтересираните е и актуелниот шампион на Шпанија.
Шпанските извори истакнуваат дека Ван Дајк би донел значително искуство на тимот на Ханзи Флик, иако германскиот стратег се уште не е сосема сигурен во таа трансакција.
Флик е загрижен дека таков трансфер би можел да бара одреден период за адаптација во тимот, како и потенцијално да го намали времето на терен за некои од помладите играчи.
Во својата стратегија, Флик се фокусира на развој на млади таленти како Жерард Мартин и групата играчи од академијата Ла Масија, поради што е внимателен во поглед на доведување на Ван Дајк.
Како потсетување, Ван Дајк беше второпласиран во борбата за Златната топка зад Лео Меси во 2019 година. Во својата кариера ги има освоено Лигата на шампионите, две титули во Премиер лигата, Светското клупско првенство и Суперкупот на Европа.