Дома Фудбал ФИФА ја нападна УЕФА!

ФИФА ја нападна УЕФА!

FIFA ја обвини UEFA дека спроведува кампања на дезинформации и се обидува да влијае на претседателските избори на светската фудбалска организација. Во центарот на спорот е контроверзниот проект FIFA Forward Enterprise (FFE), кој е веќе напуштен.

Минатиот месец UEFA побара од федералниот суд на САД дозвола за собирање документи и сведоштва. Тие материјали планираат да ги искористат за да поднесат кривична пријава во Швајцарија против претседателот на FIFA, Џани Инфантино. Случајот се однесува на планот комерцијалните права на Светското првенство да се префрлат на посебна компанија наречена FIFA Forward Enterprise.

FIFA одговори на барањето, отфрлајќи ги обвинувањата на UEFA и констатирајќи дека пријавата на европската организација содржи многу лажни или заблудувачки изјави за FIFA и Инфантино.

“UEFA без основа сугерира дека господин Инфантино се обидел лично да профитира од предлогот на FFE,” пишува во изјавата на FIFA поднесена на судот во Флорида. FIFA потенцира дека планот на FFE зависел од одобрение на членовите и Советот на FIFA, а новата компанија би била под контрола на двете тела. “Сугестиите на UEFA дека господин Инфантино прекршил било кој закон или етичко начело се целосно неосновани,” се додава во изјавата.

Според UEFA, Инфантино го развивал проектот во тајност со мала група советници и инвеститори, заобиколувајќи ги стандардните процедури на FIFA. Ниту Советот на FIFA, ниту континенталните конфедерации, ниту националните федерации не биле консултирани за тоа.

Во освртот на UEFA е наведено дека инвеститорите би платиле 4,2 милијарди долари за удел во FFE, со што вредноста на компанијата би се проценила на околу 20 милијарди долари. UEFA тврди дека таа проценка ги подценува комерцијалните права на FIFA и не била поткрепена со јавен повик ниту била изработена од независен проценител.

Од друга страна, FIFA вели дека UEFA ги меша две различни категории на вредност. “UEFA, било намерно било од незнаење, ја изедначува вредноста на капиталот со вредноста на претпријатието,” велат од FIFA. “Неоспорно е дека почетната вредност на капиталот на FFE изнесуваше 20 милијарди долари. Вкупната вредност на работењето на FFE, од друга страна, беше многу поголема од 30 милијарди долари.”

Проектот FFE беше напуштен во јули откако UEFA, CONCACAF и Азијската фудбалска конфедерација се спротивставија, наведувајќи го недостатокот на консултации како главна причина. Спорот доведе до нови барања за промени во начинот на управување со FIFA.

Минатата недела Инфантино предложи независна ревизија на процесите на одлучување до сите 211 членки на FIFA. Претседателските избори ќе се одржат во март следната година, а FIFA сега тврди дека правните потези на UEFA претставуваат обид за влијание врз изборниот процес.

“Непосредно пред изборите на FIFA, UEFA поднесе ова барање, и уште три, притоа ширејќи дезинформации за господин Инфантино,” наводи FIFA. “Овој суд треба да го отфрли секој обид да се влијае врз изборите за претседател на FIFA врз основа на вакви причини.”

UEFA засега не одговори на прашањето на Reuters за коментар.

Претседателот на FIFA, Џани Инфантино, е подготвен да разговара за исплата на милиони долари на националните федерации. Износот на средства за секоја држава ќе биде тема на состанокот на Советот на FIFA на 15-ти октомври. За ова се говори во писмото кое Инфантино го испрати до челниците на шесте конфедерации, за што известија The Athletic и ESPN.

“Нема да одредам однапред износ,” напиша Инфантино, пренесува The Athletic. “Ќе поддржам најголем износ на дополнителни средства што може одговорно да биде доделен преку предвидените управувачки процеси на FIFA, со рамноправна примена и транспарентни и проверливи механизми. Амбицијата е добредојдена. Финансиските показатели, управувањето и спроведувањето сега мора да ја поддржат таа амбиција.”

“Една бројка може да служи како почеток на дискусијата, но не може да ја дефинира целокупната глобална политика. Затоа му наложив на генералниот секретар да ги обедини сите предлози во една интегрирана оценка која ќе ја разгледа Советот на FIFA,” додаде тој.

Претседателот на UEFA, Александар Чеферин, и Виктор Монтаглиани од CONCACAF, неодамна испратија писмо до FIFA во кое бараат исплати какви што спомна Инфантино. Слично барање, како што пренесува The Athletic, постави и шеик Салман бин Ибрахим Ал Калифа, челникот на Азијската фудбалска конфедерација (AFC).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус има нов голман

Бразилскиот фудбалски голман Норберто Нето потпиша договор со Јувентус кој важи до крајот …