
Едуардо Камавинга искрено говореше за тоа што треба да подобри за да добива поголема минутажа и да се наметне како стандарден стартер во Реал Мадрид.
Францускиот репрезентативец смета дека клучниот фактор е конзистентноста, односно способноста добрите настапи да ги повторува од натпревар во натпревар.
„Конзистентност, би рекол. Ималo сум добри настапи и претходно, но конзистентноста е она што е важно“, изјави Камавинга.
Тој истакна дека мора да биде поконцентриран во текот на натпреварите и да го намали бројот на грешки.
„Мора да останете фокусирани на теренот и да правите помалку грешки“, додаде играчот на Реал Мадрид.
Камавинга така самиот го посочи сегментот од играта на кој сака да работи за да ја зголеми довербата и да се избори за место во стартниот состав.