Дома Фудбал Останато Гвардиола донираше 1 милион евра за борба против коронавирусот

Гвардиола донираше 1 милион евра за борба против коронавирусот

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола донираше 1 милион евра за борба против ширењето на коронавирусот во Шпанија.

Пеп Гвардиола во моментов е во Барселона и веќе неколку дена работи со неговите адвокати за да ја реализира оваа донација и да ја најде најдобрата намена на парите што сака да ги донира.

Донацијата е наменета за Медицинскиот факултет во Барселона и Фондацијата Анхел Солер Даниел.

Како што е веќе познато, Шпанија е втората најпогодена земја по Италија по бројот на заразени и мртви со околу 300 смртни случаи дневно.

Како што пренесоа шпанските медиуми, средставата најмногу ќе се употребат за набавување маски, ракавици, заштитини очила, средства за дезинфекција, а со дел од парите ќе се набават и респиратори.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нејмар во соблекувалната дознал за смртта на Коби, сега опиша како сето тоа изгледало

Пред нешто повеќе од два месеци светот беше во шок откако се потврди дека во хеликоптерска…