
НБА и ФИБА ги привршуваат преговорите за формирање на нова елитна лига на Стариот континент, а според најновите најави, спектакуларниот проект НБА Европа треба да започне веќе во октомври 2027 година.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Ова го потврди комесарот на НБА лигата Марк Тејтум, кој откри дека целиот проект е во завршна фаза и дека остануваат само неколку чекори до конечната реализација.
„Постигнавме огромен напредок во создавањето на новата лига во Европа и сме во завршна фаза пред планираното почнување во октомври 2027 година”, изјави Тејтум.
Според планот на НБА и ФИБА, новото натпреварување ќе има 16 клуба. Дел од тимовите ќе имаат загарантирано место во лигата, додека другите учесници ќе влезат преку системот на спортски резултати и квалификации.
НБА веќе месеци се обидува да пронајде заеднички јазик со водечкото европско натпреварување, но договорот сè уште не е постигнат. Тејтум потврди дека во наредните недели ќе се одржи нова средба со челниците на Евролигата, но истовремено испрати и јасна порака.
„Ако не успееме да најдеме заеднички јазик, подготвени сме да продолжиме со нашите партнери, инвеститори и ФИБА.”