Дома Фудбал Останато Тажни вести од ММА светот: Почина поранешниот УФЦ борец Џеј Силва

Тажни вести од ММА светот: Почина поранешниот УФЦ борец Џеј Силва

Поранешниот УФЦ борец Џеј Силва почина на 45 години, пренесоа американските медиуми специјализирани за боречки спортови.

Тажната вест во понеделник ја објави организацијата „Fame MMA“, а причината за смртта засега не е официјално соопштена.

„Со голема тага ја известуваме јавноста дека нè напушти легендарниот Џеј Силва. Со своите настапи го донесуваше емоцијата, енергијата и врвната професионалност. Секогаш го покажуваше срцето на вистински борец и засекогаш ќе остане запомнет како важен дел од историјата на нашата организација. На неговото семејство, пријателите и најблиските искрено сочувствуваме. Почивај во мир“, стои во соопштението.

Силва во текот на кариерата двапати влезе во рингот на УФЦ. Првиот настап го имаше во 2009 година против Си Би Долавеј, од кој беше поразен со едногласна одлука на судиите. Подоцна се судри и со Крис Лебен, но и тој дуел заврши со пораз на поени.

Види ја оваа објава на Instagram

Објава од FAME MMA (@famemmatv)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Бронза за Миљана Рељиќ во Кина!

По настапот и елиминацијата во четвртфиналето на Медитеранските игри, најдобрата македонск…