Дома Фудбал Омерагиќ се сретна со турскиот колега – им посака и среќа на Мундијалот! (Фото)

Омерагиќ се сретна со турскиот колега – им посака и среќа на Мундијалот! (Фото)

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, оствари средба со првиот човек на Турската фудбалска федерација, Етем Хаџиосманоглу, на која се разговарало за можностите за продлабочување на соработката меѓу двете организации.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Од ФФМ средбата ја оценуваат како пријателска и конструктивна, а Омерагиќ истакна дека постои заедничка желба за унапредување на односите и поголемо зближување меѓу двете федерации во иднина.

Воедно, првиот човек на македонскиот фудбал ѝ посака многу среќа на турската репрезентација во пресрет на Светското првенство кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.

“Одлична средба со мојот пријател, претседателот на Турската фудбалска федерација, Ибрахим Етем Хаџиосманоглу и неговиот најблизок тим.

Разменивме идеи за унапредување на соработката меѓу двете федерации и разговаравме за проекти што можат дополнително да не зближат.

Благодарност за искреното гостопримство и пријателскиот пречек. На Турција и посакувам многу успеси во периодот што следи”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шок за Швајцарија во петтата минута од судиското продолжение – Храбриот Катар дојде до многу важен бод (Видео)

Швајцарија и Катар одиграа нерешено (1:1). Во 21 часот по наше време беше одигран натпрева…