Дома Фудбал Договор речиси постигнат, Милан најде нов тренер – веќе се познати и детали!

Договор речиси постигнат, Милан најде нов тренер – веќе се познати и детали!

Маурисио Почетино ќе биде новиот тренер на Милан! 

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Италијанските медиуми денеска потврдија дека Покетино ги прифатил сите услови од Милан, постигнал договор според кој ќе го преземе тимот по Светското првенство со годишна плата од 5.000.000 евра.

Покетино остави трага со Тотенхем, но не се издвои со големи успеси во Пари Сен Жермен и Челси, пред да ја прифати понудата за селектор на Соединетите Американски Држави.

Неговата главна цел е Американците да ги однесе што подалеку на Светското првенство, каде се домаќини заедно со Канада и Мексико. 

По завршувањето на престижниот турнир, Покетино патува во Италија, каде го чека голем предизвик – да го врати Милан на врвот на Серија А и во Лигата на шампионите. 

Милан неодамна се раздели со Масимилијано Алегри поради катастрофалниот крај на сезоната, што резултираше со отпуштање и на сите директори.

Сега Милан започнува ново поглавје со Покетино, кој ја стекна својата репутација раководејќи ја претходно екипата на Еспањол во Ла Лига, а особено во Премиер лигата како менаџер на Тотенхем. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФФМ го казни Вардар скандалозната прослава!

исциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) му изрече висока пар…