Дома Фудбал ФФМ го казни Вардар скандалозната прослава!

ФФМ го казни Вардар скандалозната прослава!

исциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) му изрече висока парична казна на ФК Вардар поради однесувањето по освојувањето на шампионската титула, како и случувањата на последниот првенствен натпревар.

Повод за санкцијата е видео-снимка која се појави во јавноста по прославата во Струга, а на која се гледа, според оценката на ФФМ, несоодветно однесување на фудбалерите за време на славјето.

Покрај тоа, „црвено-црните“ се соочуваат и со дополнителни последици поради употреба на пиротехнички средства на средбата против Шкендија во рамки на 33. коло.

Од ФФМ информираа дека Вардар е казнет со 15.000 евра поради навредливо скандирање од трибините и недолична прослава на титулата од страна на играчите, додека воедно е отворена и дисциплинска постапка поврзана со пиротехниката употребена на дуелот со тетовскиот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мбапе го тргна шишенцето од маса на прес-конференција, потсетувајќи на Роналдо

Лигата на шампионите стартува денеска, а дербито на вечерта ќе биде меѓу Реал Мадрид и Инт…