
Хрватска е поблиску до изградба на современ меѓународен автоцентар, откако Министерството за заштита на животната средина и зелената транзиција го одобри извештајот за заштита на животната средина за проектот „Croatia Ring“.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Станува збор за патека која ќе биде изградена по највисоките стандарди на ФИА и може да биде домаќин на трки на Формула 1 во иднина. Автодромот се планира да се изгради северно од Слуњ, меѓу местата Велјун и Благај, блиску до реката Корана. Раководителот и партнер во проектот, Даворин Штетнер, покажа задоволство од добиеното одобрение, нагласувајќи дека процедурата била исклучително сложена, но дека успешно се исполнети сите барања на надлежните институции.

Според планот, целиот комплекс ќе се протега на околу 50 хектари. Главниот дел ќе биде наменет за автодромот, со тркачка патека, боксови, сервисни објекти и прилежна инфраструктура, додека останатиот простор ќе биде резервиран за туристички и угостителски содржини. Патеката ќе биде долга 4,2 километри, ќе има 12 свиоци и вкупна висинска разлика од 34 метри.
Освен можноста за организација на големи автомобилски настани, во комплексот се планирани тестирања на возила, активности за автошколи, како и бројни комерцијални содржини, со што проектот се очекува да стане еден од најзначајните автоцентри во регионот.