Дома Фудбал Агентот на Гвардиола призна за разговори со Ал-Наср

Агентот на Гвардиола призна за разговори со Ал-Наср

Шампионот на Саудиска Арабија, Ал-Наср, покажува интерес за Пеп Гвардиола. Тоа го потврди агентот на каталонскиот стратег, Хосе Марија Оробитг.

„Пред месец и половина имаше контакти, но тоа беа само разговори, без никакви обврски или писмена понуда“, изјави Оробитг.

Според различни извештаи, на Гвардиола му биле понудени околу 130 милиони евра годишно од саудискиот клуб, во кој игра Кристијано Роналдо.

„Сумата не беше толку голема“, коментираше Оробитг, минимизирајќи ги шпекулациите за огромната понуда.

Вчера, Манчестер Сити официјално објави разделба со Гвардиола, кој помина 10 години на чело на „граѓаните“ и освои вкупно 20 титули.

Ал-Наср ја освои првата титула во Саудиска Арабија од 2019 година под водство на Жорже Жезус, кој најави дека ќе ја напушти позицијата веднаш по победата над Дамак (4:1), која го обезбеди првото место.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Потресно признание на млад фудбалер: „Таа беше љубовта на мојот живот, не сакам да продолжам со животот…“

Младиот фудбалер на Ајакс, Марк Веркајл, за прв пат јавно проговори за најголемата трагеди…