Дома Останати Ракомет Абутовиќ емотивно се збогуваше: Те сакам Македонијо!

Абутовиќ емотивно се збогуваше: Те сакам Македонијо!

Српскиот ракометар Илија Абутовиќ со емотивна порака се прости од Пелистер и Битола, откако по две сезони го напушта македонскиот шампион и кариерата ја продолжува во Партизан.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Поранешниот европски шампион со Вардар, кој остави длабока трага во македонскиот ракомет, преку социјалните мрежи упати благодарност до клубот, градот и луѓето што биле дел од неговото секојдневие во изминатиот период.

Абутовиќ се заблагодари за искуствата, пријателствата и моментите поминати во Битола, а во пораката не пропушти да им честита и на Вардар за освоената шампионска титула, како и на Охрид за историскиот европски успех.

„Благодарам Пелистер и Битола на овие две години. Благодарам за новите искуства, новите познанства и најмногу за новите пријателства. Честитки за Вардар за освоената титула, честитки за Охрид за истирискиот европски трофеј. Те сакам Македонијо. И ти благодарам за сите години што ги поминав тука и за сите работи шти го доживеав како спортист и како човек. Засекогаш ќе бидеш во моето срце“, напиша Абутовиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Македонија може да биде домаќин на ЕП во ракомет – поднесена е заедничка кандидатура со Словенија и Србија!

Македонија, Србија и Словенија влегуваат во заедничка трка за домаќинство на машкото Европ…