
Кошаркарите на Тенерифе приредија вистинска сензација и го совладаа Реал во Мадрид во првиот натпревар од четвртфиналето на плеј-офот на шпанската Ендеса лига со резултат 98:97, по неверојатниот пресврт во последните 40 секунди од средбата.
Во последната минута Реал имаше предност од седум поени (96:89) и се чинеше дека ќе постигнепобеда и ќе тргне водство од 1-0 во серијата.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Хаиме Фернандес 39 секунди пред крајот постигна тројка и ја намали предноста на Реал на четири поени, а потоа Андрес Фелиз не успеа да погоди за два поени, бидејќи беше блокиран од Тим Абромаитис.
Кога се погоди тројката на Арон Доорнекамп 14 секунди пред крајот за 96:95, беше очигледно дека играчите на Тенерифе мора да направат фаул за да добијат шанса за пресврт.
Токму тоа и се случи, а Треј Лајлс погоди само едно од двете слободни фрлања, па Тенерифе имаа 11 секунди за да го израмнат резултатот или да победат.
Наместо да изберат продолжение, играчите на Тенерифе решија да се обидат со третата тројка за победа, а тоа го направи Хаиме Фернандес четири секунди пред крајот против Алберто Абалде, предизвикувајќи шок и неверување на трибините во салата во Мадрид.
Реал имаше четири секунди за организирање напад за победа, што ја презеде Марио Хезоња, но со звукот на сирената промаши и Тенерифе ја запишаа победата.
Тенерифе на овој начин станаа првиот тим во последниве 18 години кој постигна победа како осмо пласирана екипа против првопласираната на стартот на плеј-офот на шпанското првенство.
ESTO ES UNA LOCURA. LA LAGUNA TENERIFE GANA AL REAL MADRID CON UNA REMONTADA IMPOSIBLE 🤯🔥
— DAZN España (@DAZN_ES) June 2, 2026
Perdían de 7 puntos faltando 53 segundos 😮💨#LigaEndesaxDAZN 🏀 pic.twitter.com/imwXleTaak