
Арина Сабаленка беше очигледно разочарана откако доживеа неочекувана елиминација на турнирот во Франција.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Иако имаше предност со 1-0 и 5:3, Сабаленка изгуби десет гема едноподруго, што и овозможи на Дијана Шнајдер да се пласира во полуфиналето. Повеќе информации тука.
“Моите мисли се празни, не чувствувам ништо. Во моментот само сакам да го напуштам тенисот. Се надевам дека за неколку дена ќе се вратам со стабилна ментална состојба. Имав одлични шанси во вториот сет за победа, но направив погрешни потези. Таа потоа почна да игра поагресивно и не успеав ментално да се соберам по вториот сет, тоа беше мојата најголема грешка денеска”, изјави таа и додаде:
“Не се сеќавам кога последен пат ми се случило вака нешто, да загубам десет последователни гема. Психолошки се најдов на темно место и не можев да се вратам на вистинскиот пат.”
Highlights from the quarter-final between Diana Shnaider and Aryna Sabalenka 👇#RolandGarros pic.twitter.com/MIqaVLckhi
— Roland-Garros (@rolandgarros) June 3, 2026
Ветрот ги направи условите на теренот многу тешки.
“Не ми е јасно зошто не го затворија покривот кога ветрот дуваше така силно, но како да се жалам кога јас играв добро во поголемиот дел од натпреварот… Можеби и јас сум виновна, можеби поради тоа што „полудев“. Минатата година беше слично и следниот ден го затворија покривот за машкиот натпревар. Сигурно би било поквалитетно со затворен покрив, но сепак, таа почна да игра подобро, влегуваше во теренот и постигнуваше погодоци.”