Дома Фудбал Видео: Мајкл Џордан испрати порака до Гвардиола. Пеп: Немав поим дека знае за мене

Видео: Мајкл Џордан испрати порака до Гвардиола. Пеп: Немав поим дека знае за мене

ПЕП ГВАРДИОЛА се збогуваше од Манчестер Сити по десет години како водечки тренер на тимот, а клубот во чест на него организираше вечер која засекогаш ќе остане во сеќавање. Иако во последната сезона немаше успеси во освојувањето на титули, каталонскиот стратег заминува како легенда и најдобар тренер во историјата на клубот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Емотивната вечер беше полна со изненадувања, а на сцената се појави и еден од омилените бендови на Гвардиола, Mishima. Еден од најтрогателните моменти беше парадата на поранешни и сегашни играчи кои го претставија трофеите освоени за време на неговата ера. Меѓу нив беа Фернандињо, Едерсон, Илкај Гундоган, а и сегашниот тренер на Баерн, Винсент Компани. Со трофеите позираа и членови на актуелниот тим како Ерлинг Халанд, Бернардо Силва и Нико Гонзалес.

Еден особено неочекуван момент го изненади Гвардиола. Водителите на програмата пуштија видео порака од Мајкл Џордан, кој важи за најголем кошаркар на сите времиња за многумина. “Пеп, сакам да ти честитам на неверојатната кариера. Уживај во пензија и среќно со голфот,” порача Џордан. Каталонецот не го криеше задоволството на своето лице. “Не знаев дека Џордан знае за мене,” рече изненадено.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Проблеми за Реал: Вредноста на Мурињо вчера беше седум, а денес изнесува 15 милиони евра

ЖОЗЕ МУРИЊО постигна договор за враќање во Реал Мадрид на тригодишен договор, но целиот пр…