Дома Фудбал Германија Мало момче за Баерн навиваше од полната трибина со навивачи на Шалке (ФОТО)

Мало момче за Баерн навиваше од полната трибина со навивачи на Шалке (ФОТО)

bayern shalke

Фудбалерите на Баерн вчера на гостувањето во рамките од Бундес лигата го совладаа Шалке со 2:0.

Баварците значително ослабени пристигнаа на овој натпревар, но и покрај големиот број повредени играчи тие стигнаа до трите бода. Гостите поведоа уште во осмата минута со голот на Џејмс Родригез, конечните 0:2 ги постави Левандовски во второто полувреме.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


После овој натпревар многу се зборуваше за момчето кое навивачите за Баерн, но се најде на трибината на Шалке. На почетокот беше збунет што се наоѓа на противничката страна, но на крајот помеѓу сината боја се појави црвен шал.

Ова момче покажа дека и покрај се стои зад својот клуб, а тоа ги воодушеви и навивачите на Шалке кои го поздравија со аплауз иако сигурно не се задовлни што нивниот клуб беше поразен.

bayern shalke

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…