Искусниот голман Мануел Ноер, го продолжи договорот со Баерн Минхен до летото 2026 година.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ноер на крајот на месец март ќе го прослави 39 роденден, а со новиот договор кој е со важност до 30 јуни 2026 година ќе биде 15 сезони дел од баварскиот гигант.
„Навистина уживам во играњето фудбал и сакам да останам играч на Баерн. Сè уште сум гладен и со нетрпение очекувам уште една година во овој посебен клуб. Секогаш сме имале добри разговори. Тоа е добро чувство. Чувството е добро и имаме уште многу цели што треба да ги постигнеме заедно“, порача Ноер