Дома Трансфер зона Изненадување: Жиру ќе биде новиот напаѓач на Јувентус!

Изненадување: Жиру ќе биде новиот напаѓач на Јувентус!

Оливер Жиру веројатно ќе стане нов напаѓач на Јувентус!

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


После преговорите со Един Џеко, Луис Суарез и одбиената понуда за Алваро Мората. Јувентус изгледа се откажал од сите тие опции и се свртил кон францускиот напаѓач.

Како што објави Џанлука Ди Марцио, Жиру се договорил за двегодишна соработка вредна четири ипол милони евра по сезона додека Челзи за неговите услуги ќе добие пет милиони евра.

Така Јувентус ќе го реши напаѓачкото прашање со 34 годишниот Французин кој во претходните осум години е во Лондон играјќи за Арсенал и Челзи.

Жиру за Арсенал и Челзи одигра 341 натпревар и постигна 133 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…