
Јувентус ја отвори новата сезона во Серија А со триумф на гости кај Фросиноне (1:0), но и покрај освоените три поени, натпреварот отвори неколку нови дилеми во тимот од Торино.
Во центарот на вниманието се најде францускиот напаѓач Рандал Коло Муани, кој на почетокот на август пристигна од ПСЖ за трансфер вреден околу 50 милиони евра, вклучително и бонуси.
Иако настапи во стартната постава и одигра сите 90 минути, неговата игра не го задоволи тренерот Лучано Спалети, кој по натпреварот јавно и без двоумења го критикуваше.
Какво промашување од Влаховиќ … о, почекај, тоа е Коло Муани pic.twitter.com/7lPVNlSTDf
— Алекс Линтуниеми (@lintu95) 23 август 2026
Спалети беше крајно искрен во изјавите за медиумите, нагласувајќи дека скапо платеното засилување мора итно да го подобри својот пристап и да се врати на поранешното ниво.
“Го донесовме, се грижевме за него и добро ја знаеме неговата вредност, но тој мора да разбере дека практично две години не игра на своето ниво, и за тоа сигурно постои причина. Понекогаш мислиш дека си на висок степен, а всушност нешто си заборавил и тоа мора да го надоместиш”, изјави тренерот на Старата дама.
Тренерот на Торино додаде дека Коло Муани има неспорни квалитети, но дека од него се очекува конкретен голгетерски учинок во ваквите натпревари.
Спалети за Коло Муани:
— Италијански фудбал на ТВ (@IFTVofficial) 23 август 2026
💬 “Навистина го посакувавме Коло. Го донесовме, се погриживме и ја знаеме неговата вредност затоа што видовме што може да направи.
Но, тој мора да сфати дека веќе две години не игра постојано, и за тоа мора да постои причина.… pic.twitter.com/VVEZ4CM1Eu
“Коло знае како да ја задржи топката, да пронајде слободно место и физички е извонредно силен, но во вакви натпревари треба да постигнува голови”, подвлече италијанскиот тренер.
Францускиот репрезентативец се врати во Јувентус по тоа што изминатата сезона ја помина како позајмен во Тотенхем, каде на 41 натпревар постигна пет гола и подели четири асистенции.
Во неговиот прв престој во Торино во текот на 2025 година оствари далеку подобар учинок со 10 голови на 22 натпревари, што помогна на клубот да се пласира во Лигата на шампионите. Спалети се надева дека Коло Муани може да ги повтори тие настапи, но уште на самиот почеток на сезоната му испрати недвосмислена порака дека се бараат брзи резултати од него.