Дома Фудбал Кин сака да игра во Лигата на шампионите, го бојкотирал тренингот на Фиорентина!

Кин сака да игра во Лигата на шампионите, го бојкотирал тренингот на Фиорентина!

Мојзе Кен, кој играше одлично во претходните неколку сезони во дресот на Фиорентина, е решен да го напушти најпознатиот клуб во Тоскана и да тргне кон северот со цел да потпише за Комо.

Според последните вести од Италија, утринава Кен задоцнил на тренингот на Фиорентина и потоа одбил да учествува со соиграчите во тренингот, со што сака да изврши притисок врз „виолетовите“ за одобрување на неговиот трансфер во тимот кој претендира да игра во Лигата на шампионите.

Овој фудбалер играше само 27 минути во понеделничниот натпревар против Рома, што покажува дека и во Фиорентина се помалку сметаат на него.

Според информации од фудбалските кругови, не би било изненадување ако сабота не го видиме на натпреварот против Фрозиноне.

Со други зборови, иако Комо понуди 40 милиони евра за Кен, во Фиренца не брзаат да го продадат напаѓачот додека не најдат соодветна замена.

Додека трае неизвесноста околу овој случај, италијанскиот новинар Џанлука Ди Марцио известува дека Фиорентина го казнила Кен, наредувајќи му попладнево да тренира сам.

Клубот порача дека секоја следна несакана постапка од Кен ќе биде санкционирана.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

УЕФА има ново правило, две гостувања веќе не можат да се случат сезонава

Лигата на шампионите влегува во својата трета сезона со новиот формат, носејќи со себе и н…